БАГА ФООД ДОО е фабрика специјализирана за преработка и конзервирање на производи од високо квалитетни суровини (зеленчук и овошје), кои потекнуваат од плодните македонски краишта. Фабрика започна со работа во 2002 година и за многу кратко време успеа, со своите висококвалитетни Ва-Ва прозводи, да ги освои пазарите и потрошувачите во Европа, САД и Австралија.
Синергијата од поволни климатски услови, долгогодишна традиција во одгледување на земјоделски производи и користење на најсовремена технологија во производството резултираше со креирање на висококвалитетни, здрави и вкусни производи од овошје и зеленчук. Производствените процеси не вклучуваат употреба на конзерванси, вештачки бои и адитиви што ги прави Ва- Ва производите 100% природни. Нашите производите се соодветни за вегетаријански начин на исхрана и не содржат глутен.
Она што во 2002 започна како производство на неколку производи од преработен зеленчук, денес успешно се развива во компанија која во својата производна палета има повеќе од 50-тина производи и специјалитети од преработен зеленук и овошје. Ва-Ва брендот претставува синоним за висок квалитет, традиција и грижа за потрошувачите. Во иднина остануваме посветени на нашата цел, задоволување на барањата на потрошувачите, задржувајќи го високиот квалитет на производите притоа следејќи ги новите трендови.
Фабриката го има имплементирано системот за менаџмент за безбедност на храна ISO 22000:2005, кој го гарантира квалитетот и безбедноста на производите.
2013 © BagaFood
Developed by IF Kreativa