Домашен Ајвар

100% природна мешавина од висококвалитетени печени пиперки, модар патлиџан и зачини, обработени на начин да го дадат препознатливиот вкус на ВаВа ајварот. Ова традиционален специјалитет е совршен додаток на паста, месо, или едноставно намачкан на леб. Не содржи глутен, вештачки бои и конзерванси. Во зависност од вашите преференци, ајварот е достапен во блага и лута варијанта.

Домашна Лутеница

Овој традиционален македонски производ се подготвува по домашен рецепт од црвени печени пиперки, моркови и сос од свежи домати, што го прави овој производ единствен на пазарот во својот богат и незаборавен вкус. Лутеницата има широка употреба во секоја кујна, одлично одговара како додаток на месо од скара, сос или пак паста. Не содржи глутен, вештачки бои и конзерванси.

Бонбонки со сирење

Овие слатко лути cherry пиперчиња се полнети со кремасто сирење и се идеални како предјадење, закуска или како додаток на секое јадење.

За нас БАГА ФООД ДОО е фабрика специјализирана за преработка и конзервирање на производи од високо квалитетни суровини (зеленчук и овошје), кои потекнуваат од плодните македонски краишта. Фабрика започна со работа во 2002 година и за многу кратко време успеа, со своите висококвалитетни Ва-Ва прозводи, да ги освои пазарите и потрошувачите во Европа, САД и Австралија. Синергијата од  поволни климатски услови, долгогодишна традиција во одгледување на земјоделски производи и користење на најсовремена технологија во производството  резултираше со креирање на висококвалитетни, здрави и вкусни пр... прочитај повеќе

Производи